Достапни линкови

Талибанците тврдат дека убиле 6 американски војници


Талибанците денеска ја презедоа одговорноста за вчерашниот бомбашки напад во кој, според нив, загинале шестмина припадници на НАТО силите во источен Авганистан. Претставник на талибанците изјави дека станува збор за американски војници чиј тенк минал преку поставена мина на патот. НАТО не ја наведе националноста на загинатите војници иако и авганистанските власти соопштија дека тие биле американци.
XS
SM
MD
LG