Достапни линкови

Инциденти во источниот дел на Либија


Повеќе избирачки места на гласањето за пратеници во Парламентот во Либија денеска не беа отворени во источниот дел на земјата, поради немирите предизвикани од демонстрантите кои бараа поинаква распределба на пратеничките места меѓу регионите, јавија агенциите.
Официјални претставници кажаа дека и покрај инцидентите изборите нема да бидат одложени и наведоа дека ширум земјата се отворени 92 проценти од избирачките места.
До немири дојде на избирачките места во најголемиот град Аџаби во источниот регион, кој се наоѓа 169 километри југо-западно од Бенгази.
XS
SM
MD
LG