Достапни линкови

Владата бавно и несоодветно реагираше на катастрофата во Фукушма


Во финалниот извештај на парламентарната истрага за нуклераната катастрофа во Фукушима се наведува дека таа е дело на човекот. Во извештајот вината се става врз Владата и раководството на Компанијата за енергија ТЕПКО за нивната бавна и несоодветна реакција на кризата на владата на тогашниот премиер Наото Кан на земјотресот и цунамито. Инаку Јапонија повторно почна да произведува струја од нуклеарно гориво откако беше вклучен еден реактор на западот на земјата, по двомесечното безбедносно исклучување на сите постројки по катастрофата во Фукушима. По ланската катастрофа, реакторите беа исклучувани еден по еден поради безбедносни проверки, за пред два месеца да бидат исклучени сите. Во јавноста има голем отпор за рестартирање на нуклеарните капацитети, но владата одлучи да вклучи два реактори за да спречи можен недостиг на струја во летниот период.
XS
SM
MD
LG