Достапни линкови

Кошаркарите против Доминиканската Република во четвртфинале


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Македонските кошаркари задутре ќе играат со Доминиканската Република во четвртфиналето на квалификацискиот турнир за Олимпијадата.

Македонските кошаркари задутре ќе играат со Доминиканската Република во четвртфиналето на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон што се игра во главниот град на Венецуела, Каракас.
Најголемата опасност од репрезентацијата на Доминиканската Република доаѓа од центарот Ал Хoрфорд, кој игра за тимот на Атланта Хоукс во НБА лигата. На двата натпревари против Јужна Кореја и против Русија, тој постигна вкупно 52 коша.

Доминиканската Република пред малку загуби од Русија со 69-84, па така Русија е прва во групата Ц, а Доминиканците се втори. Благодарение на победата на Нов Зеланд против Ангола, Македонија го освои првото место во групата Д, а Ангола е втора, па затоа во четвртфиналето ќе се соочи Русија.

Трите најдобри селекции на турнирот ќе се квалификуваат на Олимписките игри.

Најголемата опасност од репрезентацијата на Доминиканската Република доаѓа од центарот Ал Хoрфорд, кој игра за тимот на Атланта Хоукс во НБА лигата.

На натпреварот против Русија, тој беше најефикасниот играч со 22 коша, а имаше и 9 скока. Крилото Џек Мартинез даде 13 поени, а имаше и 12 скока, од кои 9 во одбраната.

На вчерашниот натпревар против Јужна Кореја, кој Доминиканците го добија со 95-85, Хoрфорд даде 30 коша, а имаше и 12 скокови. Неговиот колега од НБА лигата Франциско Гарсија, кој игра за Сакраменто Кингс, даде 13 коша, а Мартинез уфрли 16 поени и фантастични 25 скока, од кои 18 во одбраната.

Од другата половина на турнирот, битката за влез во полуфиналето ќе се води меѓу Грција и Порторико од групата А, односно Литванија, Венецуела и Нигерија од групата Б.

Јордан, Јужна Кореја и Нов Зеланд веќе го завршија натпреварувањето.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG