Достапни линкови

Лазовски - Олимпијадата е императив


Марјан Лазовски, селектор на македонската кошаркарска репрезентација.

Марјан Лазовски, селектор на македонската кошаркарска репрезентација.

И за мене како селектор и за нас како репрезентација, императив е да се пласираме на Олимпијада, вели новиот селекторот на кошаркарската репрезентација Марјан Лазовски во очекување на квалификацискиот турнир во Венецуела.

По петгодишна работа во националниот тим како помошник на Јовица Арсиќ и на Марин Докузовски, од вчера Марјан Лазовски е новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација. Со тоа, актуелниот тренер и на Работнички, на најдобар можен начин ја продолжува работата во репрезентацијата, што, покрај големата чест, претставува уште поголема обврска, бидејќи сега за јавноста успех е пласман во полуфинале на врвно натпреварување. Лазовски е свесен за тоа и не бега од предизвикот.
Имаме добар распоред, добра група, останува на нас да одработиме квалитетно и да се подготвиме максимално, за да го постигнеме она што сите го посакуваме, пласманот на Олимпијада.

„Голема е обврската што ја оставија претходните тренери да се продолжи еден добар континуитет на настани и на резултати. Мислам дека на секој тренер во Македонија што работи во клубовите целта му е да стане селектор на репрезентација, така што, тоа нешто се оствари и мислам дека ќе продолжам со максимално коректна работа да повторуваме добри резултати“, изјави Лазовски, чие прво искушение на жешката клупа ќе биде најзначајниот настан во историјата на мак-баскетот.
Докузовски го донесе кошаркарите до квалификации, ќе успее ли Лазовски да ги одведе на Олимпијада?

Докузовски го донесе кошаркарите до квалификации, ќе успее ли Лазовски да ги одведе на Олимпијада?


Како што е познато, во јули во Венецуела со уште 11 селекции ќе се бориме за три олимписки визи, за што прво ќе треба да бидеме најмалку втори во групата со Ангола и Нов Зеланд, по што во четвртфиналето би се соочиле со Доминиканската Република или со Русија. Според селекторот, ваквиот распоред е добар предуслов за исполнување на целта:
Сите имаме желба, сите имаме мотиви, сите поседуваме знаење за да стигнеме до Олимпијадата. Императивот секако и за мене како селектор и за нас како репрезентација е да стигнеме до Олимпијадата. Ќе повторам, нема да биде лесно, меѓутоа оптимисти сме.


„Голем проблем за македонската репрезентација е настапот на друг континент. Ќе настапуваме во Венецуела, прв пат во историјата на македонската кошарка. Меѓутоа мислам дека имаме можности да го направиме она што во континуитет треба да го сториме. Имаме добар распоред, добра група, останува на нас да одработиме квалитетно и да се подготвиме максимално, за да го постигнеме она што сите го посакуваме, пласманот на Олимпијада“, додаде Лазовски.

Според него, доколку нема проблеми со повреди, нема да има посериозни промени во составот, иако тој сигурно ќе биде освежен со 2-3 кошаркари, кои беа на поширокиот список пред настапот на ланското ЕП во Литванија.

Тој состав покажа дека е способен за врвни дострели, па кормиларот верува дека токму со тие сили, ќе го исполни наметнатиот императив.

„Ние и на ЕП во Литванија отидовме со една цел, да влеземе во вториот круг и стигнавме до четврто место. Значи веќе сме репрезентација која има светски и европски ранг. Така што, сите имаме желба, сите имаме мотиви, сите поседуваме знаење за да стигнеме до Олимпијадата. Императивот секако и за мене како селектор и за нас како репрезентација е да стигнеме до Олимпијадата. Ќе повторам, нема да биде лесно, меѓутоа оптимисти сме“, истакна на крајот Марјан Лазовски.

Инаку, кога се во прашање подготовките за турнирот во Венецуела, тие ќе стартуваат на 4 јуни, за во наредните 25 дена, во Литванија, Канада, САД и во Порторико, да одиграме 8 тест дуели, меѓу кои постои можност и за пресметка со дрим–тимот на САД. Другите сигурни противници се Литванија, Русија, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд и Порторико, за на крајот на јуни националниот тим да се пресели во Венецуела, каде што од 2-ри до 9-ти јули ќе се одржи квалификацискиот олимписки турнир.
XS
SM
MD
LG