Достапни линкови

Предизборната кампања ќе „се вози“ на плин


Гасификацијата е битно прашање од кое сите ќе имаат корист и затоа е податливо за предизборна кампања, велат експертите по политички маркетинг со кои разговаравме.

Копјата на претстојните локални избори ќе се кршат околу прашањето за гасификацијата, ако може да се суди по темите кои и власта и опозицијата ги отвораат уште сега, девет месеци пред изборите, кога според сите показатели, кампањата е веќе почната. Гасификацијата е битно прашање од кое сите ќе имаат корист и затоа е податливо за предизборна кампања, велат експертите по политички маркетинг со кои разговаравме.
Нормално е партиите да сакаат да разговараат за гасификација, бидејќи гасификација е едно нешто кое поклопува повеќе работи во предизборната кампања. Прво, се работи за реална инвестиција, се работи за инвестиција од која директно има погодности за граѓаните и се работи за инфраструктурна инвестиција во која граѓаните може веднаш да го почувствуваат бенефитот и таа како тема е податлива за предизборна кампања.

Експертот по политички маркетинг Петар Арсовски вели дека е нормално прашањата што се од интерес на граѓаните да доминираат во кампањата.
Јужниот тек ја заобиколи Македонија, но ќе добие право да се приклучи на гасоводот.

Јужниот тек ја заобиколи Македонија, но ќе добие право да се приклучи на гасоводот.


„Нормално е партиите да сакаат да разговараат за гасификација, бидејќи гасификација е едно нешто кое поклопува повеќе работи во предизборната кампања. Прво, се работи за реална инвестиција, се работи за инвестиција од која директно има погодности за граѓаните и се работи за инфраструктурна инвестиција во која граѓаните може веднаш да го почувствуваат бенефитот и таа како тема е податлива за предизборна кампања“, вели Арсовски.

Професор Здравко Савески вели дека е добро ако кампањата на партиите конечно се фокусира на битни прашања како гасификацијата.

„Во Македонија главно има преголем број препукувања меѓу политичките партии на лично ниво. Ова е некоја шанса за сите тие партиски препукувања бидат сведени на некои пореални концепти за развојот на општините во Македонија“, вели Савески.
Во Македонија главно има преголем број препукувања меѓу политичките партии на лично ниво. Ова е некоја шанса за сите тие партиски препукувања бидат сведени на некои пореални концепти за развојот на општините во Македонија.

Владата се пофали дека склучила договор со Русија за дозвола да се приклучи на гасоводот Јужен тек кој треба да почне да се гради кон крајот на годинава, а да заврши за три години. Русите треба да изградат и гасоводна мрежа во земјава за пребивање на клириншкиот долг.

Со својот полн капацитет, Јужниот тек треба да профункционира од 2018 година. Гасоводот ќе се протега од Русија, под Црното Море до Бугарија, од каде ќе се дели на два дела - едниот преку Грција ќе продолжи за Италија, а вториот преку Србија за Унгарија, Словенија и Австрија.

Сега има гасовод од бугарската граница до Крива Паланка, Куманово и Скопје, но и по 16 години не профункционира во полн капацитет. Во Струмица, пак, привршува гасоводната мрежа, а гасот се носи во цистерни од Бугарија. Опозицискиот СДСМ ветува дека сите општини во кои ќе добие градоначалници ќе ги гасифицира по примерот на Струмица.

Професор Константин Димитров од Машинскиот факултет во Скопје вели дека досега немало мотив за гасификацијата, поради премногу ефтината струја, но нагласува дека со поскапувањето на струјата ќе се зголеми и интересот за гасот. Втора причина е тоа што изградбата на дистрибутивна мрежа е скапо, а трета причина е што во Македонија сè уште е скап транспортот на гас, но тој ќе поевтини со зголемувањето на бројот на корисници, објаснува тој.

Димтров вели дека е многу голема работа тоа што Македонија добила согласност да се приклучи на Јужниот тек и тоа што добила квота, односно право да купува одредено количество од тој гас. Неблагодарно е да се прогнозира кога би бил готов тој гасовод, но работата многу би се забрзала, ако Албанија или Косово побараат и нив да ги снабдуваме со гас.

„Ако се потпише таква меѓудржавна спогодба, ќе се забрза процесот и плус ќе се поевтини затоа што тогаш Македонија ќе наплатува патарина како што наплатуваат другите држави, затоа што транспортот на гасот ќе се наплати затоа што ќе оди кај другите држави и тогаш веќе секторот гасификација станува многу, многу сериозен и за нас поевтин“, вели Димитров.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG