Достапни линкови

Најавите за гасификација засега ветер и магла


Фабриката Макстил.
Фабриката Макстил.

Министерот за финансии Зоран Ставрески и пред две години најави дека само што не почнале активностите поврзани со гасификацијата. Сега ја повторува истата изјава.

Кога граѓаните ќе ги слушнат министрите дека после посета на некоја земја само што не почнала работата околу реализацијата на потпишаниот договор и дека официјално патуваат за да донесат странска инвестиција, треба да им биде знак дека тоа е нешто што можеби е поврзано со темата локални избори во Македонија.
Такви меморандуми во својата кариера јас имам потпишано еден мал милион. Потпишување меморандум ништо не значи, тоа е во филозофијата на руската деловна политика. Останува малку простор за верување бидејќи господинот Ставрески веќе шест години го решава тој проблем и никако да се реши.
Ристо Гуштеров, бизнисмен.

Во изминатите неколку години бевме сведоци дека во два наврати министерот за финансии Зоран Ставрески даваше изјава после посета на Русија дека само што не почнале работите околу започнување активности поврзани со гасификацијата. Две години подоцна тој ја повтори комплетно истата изјава. Вчера слушнавме дека е потпишан своевиден меморанадум за соработка меѓу македонската и руската страна.
Во владата велат дека се договориле со Русија, еден крак од гасоводот Јужен тек да влезе во Македонија.
Во владата велат дека се договориле со Русија, еден крак од гасоводот Јужен тек да влезе во Македонија.

Во тоа светло, и последната вест за бизнисменот Ристо Гуштеров повеќе звучи како епизода на она што се случуваше во изминатите шест години, иако сепак напоменува дека би сакал да поверува во успешен епилог.

„Такви меморандуми во својата кариера јас имам потпишано еден мал милион. Потпишување меморандум ништо не значи, тоа е во филозофијата на руската деловна политика. Останува малку простор за верување бидејќи господинот Ставрески веќе шест години го решава тој проблем и никако да се реши“, вели Гуштеров.
Ова е сега трета изјава за истата работа. Претходно сме виделе и некои изјави поврзани со странски инвеститори кои требаше да инвестираат во економските зони, па потоа некако од тоа не излезе ништо. Само искрено се надеваме дека ова не е нешто што се прави во предизборие, туку дека ова е навистина нешто што ќе придонесе македонската економија да има пристап до многу поевтин енергенс.
Зоран Јовановски, СДСМ.

Тој не ја спори искрената желба на владата, но невклучувањето компетентни луѓе во целата работа можеби е премногу тука така да се поверува дека е можен повидлив напредок во активностите околу гасификацијата. Тоа сето зборува дека сето ова околу гасификацијата стана лавиринт без излез, вели Гуштеров.

Опозицијата засега на веста дека е потпишан меморандум реагира претпазливо. Зоран Јовановски предупредува дека за жал поучени од искуството од минатото треба да почекаме и да видиме колку навистина и овој договор што е потпишан вчера ќе има практична реализација.

„Ова е сега трета изјава за истата работа. Претходно сме виделе и некои изјави поврзани со странски инвеститори кои требаше да инвестираат во економските зони, па потоа некако од тоа не излезе ништо. Само искрено се надеваме дека ова не е нешто што се прави во предизборие, туку дека ова е навистина нешто што ќе придонесе македонската економија да има пристап до многу поевтин енергенс“, вели Зоран Јовановски од СДСМ.

Опозицијата укажува и на непристигнатите странски инвестиции во изминатиот период како француска компанија Мон типе или турската Шише Џам и др. Од сите најголем медиумски публицитет имаше кинеската компанија Хаер која требаше да прави екрани за телевизори, а после тоа од неа ништо не видовме. Инаку вчера Министерот за финансии Зоран Ставрески кажа дека почнува реализација на проектот за гасификација на Македонија вреден 300 милиони евра и дека ова е круна на напорите досега вложени во рамките на Меѓувладината комисија и Спогодбата за регулирање на клириншкиот долг на Русија кон Македонија со кој ќе се реализира овој проект.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG