Достапни линкови

Русија ги обвинува САД за вооружување на сиријските бунтовници


Сергеи Лавров

Сергеи Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеи Лавров го обвини официјален Вашингтон за достава на оружје до сиријските бунтовници, кои се борат против лојалистите на претседателот Башар Ал Асад. Лавров ги даде обвинувањата на прес конференција во Техеран, каде со иранските власти разговарал и за конфликтот во Сирија. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во вторникот ги прозва рускуите власти за придонес кон ескалацијата на насилството во земјата преку достава на тешка артилерија за силите на претседателот Асад, вклучувајки и софистицирани хеликоптери. Шефот на мировната мисија на Обединетите нации Херве Ландсоус предупреди дека Сирија завлегла во граѓанска војна. Сиријските власти ги опишуваат немирите како вооружен конфликт со цел вкоренување тероризам.
XS
SM
MD
LG