Достапни линкови

ММФ верува дека Грција ќе ја надмине кризата


Меѓународниот монетарен фонд и натаму верува дека Грција може да ја надмине кризата и дека ќе има подобра иднина, доколку сите инволвирани го превземат својот дел од одговорноста и превземат соодветни мерки, изјави директорот на организацијата Кристин Лагард. Во интервјуто за „Зи дојче цајтунг“ Лагард вели дека таа лично, како и ММФ ја поддржуваат Грција и потенцира дека основен принцип на Фондот е никогаш да не ја напушта масата за преговори.
XS
SM
MD
LG