Достапни линкови

Грција е претпоследна во поглед на конкурентна способност


Грција го зазеде претпоследното место на светскиот ранкинг за конкурента способност на Меѓународниот институт за развој на менаџментот, јави грчката телевизија „Антена“. На ранг листата се класифицирани 59 држави. Во текот на минатата година Грција го држеше 58-то место, за две позиции пониско од 2010 година. Падот на Грција на ранг листата е очекувано заради економската криза и е природно продолжение на несигурноста во однос на излегувањето или неизлегувањето од еврозоната, јавуваат медиумите.
XS
SM
MD
LG