Достапни линкови

Ромни стана претседателски кандидат на републиканците


Поранешниот гувернер на Масачусец Мит Ромни.

Републиканецот Мит Ромни победи на прелиминарните внатрепартиски избори во сојузната држава Тексас со што освои доволно гласови за да стане кандидат на републиканците за претседател на САД. Поранешниот гувернер на Масачусец официјално ќе биде прогласен за претседателски кандидат на националната конвенција на Републиканската партија што ќе се одржи во август.

Ромни ќе му се спротивстави на актуелниот претседател Барак Обама на претседателските избори што ќе се одржат во ноември.
XS
SM
MD
LG