Достапни линкови

logo-print

Најмалку 30 загинати при бомбардирањето врз Хама, Сирија


Најмалку 30 луѓе загинале при напад на сириската армија врз централниот град Хама, јавуваат новинските агенции повикувајќи се на извори од опозоцијата.Во извештаите е наведено дека бомбардирањето следувало по серија бунтовнички напади врз војската која го блокирала патот во градот. Овие информации се уште не се независно потврдени. Тие доаѓаат по осудата што ја испрати Советот за безбедност на Обединетите Нации за масакрот во градот Хоула при кој загинаа 108 луѓе.
Во заедничката изјава на 15- земји членки на Советот е наведено дека серијата напади во градот ги извешила владините безбедносни сили. Сириската влада ги обвини „терористите “ крвопролевањето.
XS
SM
MD
LG