Достапни линкови

logo-print

Несудената претседателка именувана за вицепремиерка


Ала Џиојева.

Ала Џиојева.

Претседателот на Јужна Осетија Леонид Тибилов ја назначи поранешната претседателска кандидатка Ала Џиојева за заменик премиер. Џиојева освои најмногу гласови на претседателските избори во ноември, но Врховниот суд ги поништи резултатите од изборите поради нерегуларности. На неа и беше забрането да се кандидира на повторените избори што се одржаа годинава. Се верува дека Џиојева беше дисквалификувана поради тоа што Кремљ поддржал друг кандидат. Русија ја призна Јужна Осетија како независна држава, откако регионот се отцепи од Грузија по краткотрајната руско-грузиска војна во 2008 година.
XS
SM
MD
LG