Достапни линкови

Зелено светло за првата фаза од антиракетниот штит за одбрана


Шефовите на земјите членки на НАТО синоќа на состанокот во Чикаго ја прогласија за оперативна првата фаза од антиракетниот штит кој би требало да ја заштити Европа од нападите на Блискиот Исток. Тој е првиот од четирите чекори за целосно функционирање на овој систем за одбрана, базиран на американската технолоција. Истиот треба да заврши во периодот од 2018 до 2020 година. Овој проект е остро критикуван од Русија која смета дека тоа е закана за нејзината безбедност и која бара гаранција дека штитот нема да ја загрози нејзината способност да врати.
Во своето обраќање на самитот во Чикаго, новиот француски претседател Франсоа Оланд рече дека Русија не треба да се чувствува загрозено од планираниот систем за противракетна одбрана.
XS
SM
MD
LG