Достапни линкови

Не се знае колку оружје има кај младите


Илустрација.
Илустрација.

Околу 10 отсто од младите сметаат дека носењето оружје е забавно, а исто толкав број сметаат дека е неопходно, покажуваат истражувањата на невладината организација Цивил.

Истражувањата под наслов оружјето во македонските домови покажуваат дека има малку податоци врзани за децата и младите. Недостатокот на податоци на оваа тема го потврдува и тоа што нема соодветна реакција на образовниот систем на овој проблем, иако оружјето влегува во училиштата и се забележуваат се почести судири меѓу младите со употреба на оружје. Истражувањата кои се занимаат со ставовите на децата и младите во поглед на оружјето во општеството се од пред пет години и покажуваат загрижувачка перцепција.
Eве во овој момент располагаме со податоци што мислат за носењето илегално оружје. Шеесетина проценти од нив сметаат дека е ризично, меѓутоа значаен процент од младите сметаат дека тоа е забавно, некаде десетина проценти, а меѓу 9 и 10 проценти од нив сметаат дека е неопходно
Џабир Дерала, Невладина организација Цивил.

„Меѓутоа еве во овој момент располагаме со податоци што мислат за носењето илегално оружје. Шеесетина проценти од нив сметаат дека е ризично, меѓутоа значаен процент од младите сметаат дека тоа е забавно, некаде десетина проценти, а меѓу 9 и 10 проценти од нив сметаат дека е неопходно“, изјави Џабир Дерала од невладината организација Цивил.
Претседателот на Цивил, Џабир Дерала.
Претседателот на Цивил, Џабир Дерала.

Во последните неколку години првпат насилството меѓу младите влезе на стадионите додека се играше фудбал. Минатата година многумина го паметат случајот во училиштето Здравко Цветковски кога имаше и убиство, како и инцидентите на Кале. Социолозите го нагласуваат поширокиот контекст на влијанието на оружјето врз младите кај кој се повеќе се забележува проблемот на несигурност.
Да преземаме странски искуства, но да ги пресликаме на нашата културна средина.
Татјана Стојаноска, универзитетски професор.

„Кај нас се преземаат ад хок решенија во моментот, коишто не резултираат со соодветни добри резултати. Треба едно детално лонгитудинално истражување, меѓутоа да преземаме странски искуства, но да ги пресликаме на нашата културна средина“, коментира професор Татјана Стојаноска од Филозофскиот факултет.

Според социолозите, војните во соседните земји и распадот на поранешна Југославија беа процеси кои многумина сметаа дека немаше никогаш да се случат бидејќи претходната идеологија поддржуваше чувство на безбедно општество. Младите непосредно се изложени на информации заситени со агресија од медиумите, но и во општеството сега се наглсуваат сите разлики од политички до национални. По конфликтот во 2001, оружјето најде разни начини да пристигне и остане. Првата кампања за собирање на оружјето беше организирана во 2003, но статистиките на Цивил покажуваат дека се уште има многу оружје во домовите.

„Во Македонија најверојатно има 110 до 170 илјади поседувачи на оружје, што подразбира дека тие имаат едно или повеќе парчиња оружје. Цело време зборуваме за нелегално оружје“, изјави Дерала.

Тоа само докажува дека има потреба општеството да се освести во однос на прашањето на присуство на оружјето и потребата да се контролира пристапот до тоа оружје од страна на цивилите.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG