Достапни линкови

logo-print

Веселбите и оружјето не одат заедно


Пукањето на семејните веселби во Дебар помасовно споредено со претходните години.

Пукањето на семејните веселби во Дебар помасовно споредено со претходните години.

Ова е мотото на проектот на ОБСЕ и МВР кој се спроведува во Дебар со цел едукација на граѓаните од опасностите при употреба на оружје за време на семејни веселби.

И ова лето во Дебар и околината присутна е појавата на употреба на огнено оружје за време на семејните веселби. Појавата која ги вознемирува граѓаните во споредба со претходните години е помасовна, а полицијата веќе има поднесено неколку кривични и прекршочни пријави против дел од оние кои не го почитуваат законот. Се пука како дење така и ноќе од свадбарите, но за среќа до сега не се забележани
За жал можам да констатирам дека е присутна појавата на нелегална употреба на огнено оружје за време на семејни веселби во градот и селските населби. Оваа појава во споредба со изминатите три години е помасовна.

инциденти. На оваа појава која на овие простори се поврзува и со традицијата, остро реагира населението, бидејќи неконтролираното пукање во секој момент е повеќе од опасно. Поради тоа населението бара и поригорозни мерки против сторителите.

,,За жал можам да констатирам дека е присутна појавата на нелегална употреба на огнено оружје за време на семејни веселби во градот и селските населби. Оваа појава во споредба со изминатите три години е помасовна. Но, верувам дека со преземање на превентивни и репресивни мерки против сторителите појавата ќе ја ставиме под контрола. Досега како полиција имаме интервенирано во шест случаи. Поднесени се против пет лица две кривични пријави додека против четири други поднесени се прекршочни пријави“, vели инспекторот по превентива при полициската станица во Дебар, Милаим Абази.

Тој објаснува дека стартувал и проектот на полицијата и ОБСЕ под наслов ,,Веселбите и оружјето не одат заедно.“ Според него
Започнавме со дистрибуција на флаери на два јазика, кои се изготвени од ОБСЕ, а одобрени од МВР и кои се дел од регионалниот проект. Воедно се поставени бројни плакати во кои се внесени законските норми во оваа област, но и последиците од нелегалната употреба на оружјето.

проектот има за цел да го едуцира населението од ризикот што го носи оружјето, но и да ја информира јавноста за законските норми во обаа област.

,,Започнавме со дистрибуција на флаери на два јазика, кои се изготвени од ОБСЕ, а одобрени од МВР и кои се дел од регионалниот проект. Воедно се поставени бројни плакати во кои се внесени законските норми во оваа област, но и последиците од нелегалната употреба на оружјето. Исто така ќе одржиме и средба со советодавната група каде што има и претставници на локалната власт. Потоа ќе преземеме и додатни превентивни мерки.Тие мерки имаат и едукативен карактер“, вели Абази.

Информациите говорат дека на прославите се пука и од легално, но и од нелегално оружје што го поседуваат граѓаните. Невладиниот сектор оценува дека кај населението има поголемо количество на нелегално оружје.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG