Достапни линкови

Забранети неколку турски серии во Таџикистан


Властите во Таџикистан забранија емитување на неколку популарни турски серии поради насилната содржина за која се смета дека лошо би влијаела на гледачите. Шефот на таџикистанската агенција за филм и видео Давлат Сафаров рече дека забранетите програми содржат елементи на тероризам и екстремизам. Турските ТВ серии се популарни во Таџикистан во изминативе две години. Потегот на властите е невообичаен, имајки предвид дека Таџикистан се смета себе си за секуларна држава. Како и да е, таџикистанските власти во последно време изразуваат загриженост за секаква манифестација на радикален ислам.
XS
SM
MD
LG