Достапни линкови

Европската комисија со забелешки за украинското судство


Неодстатоци на украинското судство и кривичното гонење на членови на украинската опозиција се доминанти забелешки во нов извештај на Европската комисија. Во документот кој беше објавен денеска, се наведува дека овие недостатоци го блокираат потпишувањето на Договорот за асоцијација на Украина со Европската унија. Во извештајот се нотира дека неколкумина припадници на опозицијата, меѓу кои и екс-премиерот на земјата Јулија Тимошенко биле „изложени на селективна правда, окарактеризирана со нетранспарентни судски процеси“. Се препорачува успешно решавање на прашањата за правниот систем во земјата, што би довело до потпишување и ратификација на Договорот за асоцијација.
XS
SM
MD
LG