Достапни линкови

Ослободителна пресуда за поранешни команданти на ОВК


Мешовитиот судски совет на Окружниот суд во Приштина денеска донесе ослободителна пресуда за Фатмир Љимај и тројца поранешни команданти на ОВК по обвинение за воени злосторства во селото Клечко. Љимај е потпретседател на Демократската партија на Косово и пратеник во косовското Собрание. Постапката за злосторствата во Клечко е повторена и повторно почна на 30 март, а на едно од претходните рочишта со посебна пресуда од обвинението се ослободени шестмина поранешни припадници на ОВК, кои беа обвинети за воени злосторства.
XS
SM
MD
LG