Достапни линкови

Најмалку шест мртви во бомбашки напади во Кабул


Најмалку шест лица се убиени во два самоубиствени напади во Кабул. Нападот, кој го извршиле Талибанците, доаѓа само неколку часа откако американскиот претседател Барак Обама го напушти Авганистан. Министерството за внатрешни работи соопшти дека самоубиец со автомобил-бомба експлодирал во близина еден од главните автопати на градот. Се верува дека цел на нападот било "Зеленото село," комплекс од странски куќи кој се користи од страна на меѓународни организации, вклучувајќи ги Европската Унија и Обединетите нации. Агенците јавуваат дека еден чувар и пет цивили се меѓу загинатите. Во несреќата има и повредени.
XS
SM
MD
LG