Достапни линкови

logo-print

Три агенти на Обама ја напуштија Тајната Служба поради скандалот со проституција


Барак Обама во Колумбија - 15 април 2012

Барак Обама во Колумбија - 15 април 2012

Тројца од 11- те агенти на тајната служба на Претседателот Барак Обама вмешани во скандалот со проституција во Колумбија заминуваат од службата. Помошник директорот на Тајната служба Пол Морисеј изјави дека еден од нив заминува во пензија, вториот си дал оставка а третиот е отпуштен од работа. Нивните имиња не се соопштени, а другите осумина се под истрага.
11 – мината вмешани во скандалот со 20 проститутки во хотелот Каратегана во Колумбија, беа во таа земја за да ја подготват посетата на Обама на самититот на двете Америки.
Во врска со инцидентот истрага се води и против 10 члена на американската војска.
Претседателот Барак Обама нареди целосна истрага.
XS
SM
MD
LG