Достапни линкови

Грција не се откажува од германските компензации


Грција го смета за отворено прашањето за германските компензации од крајот на Втората светска војна. Тоа го изјави портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас по повод декларацијата на германското МНР во која се вели дека такво прашање за Берлин не постои. Грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Димас неодамна изјави дека проблемот со германските компензации и принудниот заем, даден од Грција на нацистичка Германија за време на Втората светска војна останува несреден и дека грчката страна го задржува правото да бара решение. Се смета дека согласно тој принуден заем, Германија и должи на Грција меѓу 70 и 95 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG