Достапни линкови

logo-print

Триесет Талибанци убиени во Авганистан


Авганистански војници

Авганистански војници

НАТО и авганистански официјални лица соопштија дека се убиени многу Талибанци во денешните борби во западната провинција Фарах. Портпаролот на НАТО соопшти дека воени авиони на Алијансата ги нападнале позиицитте на милитантите откако била нападната една авганистанска армиска патрола. Од НАТО не соопштија точна бројка на загинати Талибанци, но авганистанските официјални лица соопштија дека станува збор за 30 загинати милитанти, а уште 15 биле повредени. Заменик гувернерот на провинцијата Фарах, изјави дека биле нападнати пет возила на авганистанската армија. При нападот загинале тројца авганистански војници.
XS
SM
MD
LG