Достапни линкови

Четвртина од дефицитот за два месеци


Не би требало да претставува проблем тоа што во првите два месеци е потрошена една четвртина од предвидениот буџетски дефицит за годинава, велат економистите.

Остварениот буџетски дефицит во првите два месеци годинава може да е предизвикан од повисоки трошоци, но може и да се вклопува во предвидената динамика на власта за трошење на народните пари; упатените кои ги консултиравме се со поделени мислења околу податокот дека во првите два месеци годинава, буџетскиот дефицит надминал една четвртина од вкупно предвидениот минус во државната каса.
Не мислам дека во изборна година, кога сме пред локални избори, дека владата ќе посегне по зголемување даноци. Мислам дека се зборуваше за зголемување на ДДВ-то, сепак таа мерка би довела до социјални немири, а не мислам дека државата има толкава храброст.

Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека достигнатиот дефицит може да се должи на поголемо трошење на народните пари.

„Мислам дека ставката од буџетот за расходи за плати и други основи е малце покачена. Не верувам дека делот од приливите е намален затоа што нема некој нов закон или некоја регулатива којашто ги ослободува граѓаните од плаќање даноци и други основи од кадешто има приходи во буџетот.“

Ако се проширува популарно наречената дупка во Буџетот, власта може да почне да размислува за кратење на расходите, што во основа би значело ребаланс, смета Адеми.
Па дури и една четвртина во првиот квартал е накаква логична динамика. Тоа се обично средства кои се добиваат од меѓународни кредити. Не би требало ништо сериозно да биде како предупредување ако динамиката се одвива согласно со проекцијата.

„Но, не мислам дека во изборна година, кога сме пред локални избори, дека владата ќе посегне по зголемување даноци. Мислам дека се зборуваше за зголемување на ДДВ-то, сепак таа мерка би довела до социјални немири, а не мислам дека државата има толкава храброст.“

Се поставува прашањето дали дефицитот се шири и поради намалени приходи во Буџетот? По поскапувањето на горивата, медиумите проценуваат дека во февруари врз основа на акцизи во народната каса се слеале 6.3 милиони евра помалку во однос на јануари.

Екс-министерот за финансии Никола Поповски вели дека ако до сега биле остварени една четвртина од предвидениот буџетскиот дефицит, тоа може да биде во согласност со предвидената динамика.

„Па дури и една четвртина во првиот квартал е накаква логична динамика. Тоа се обично средства кои се добиваат од меѓународни кредити. Не би требало ништо сериозно да биде како предупредување ако динамиката се одвива согласно со проекцијата.“

Сега е прерано да се забележат некакви проблеми во динамиката на буџетскиот дефицит, смета Поповски.

„Доколку е нешто сериозно во смисла дека се пробива цифрата на дефицитот, првите знаци би биле некаде кон средината на годината, ако е потрошен целиот скор до средината на годината, тогаш не би можел буџетот понатаму да се финансира. Сега е прерано и мислам дека ако само една четвртина е потрошена, владата сигурно има своја динамика“, вели Поповски.

Се проценува и дека приходите во Буџетот по основа на Данок на додадена вредност минатиот месец паднале за 15 проценти во однос на јануари.
XS
SM
MD
LG