Достапни линкови

Пораст на смртните казни во светот


Минатата година имало пораст на бројот на егзекуции во Иран, Саудиска Арабија и во Ирак, што допринело да се зголеми бројот на смртни казни на глобално ниво во споредба со 2010, соопшти меѓународната организација за човекови права Амнести интернејшенал.

Во новиот извештај на егзекуции во светот се наведува дека лани имало 676 потврдени егзекуции, од кои повеќе од половина биле извршени во Иран. Во Саудиска Арабија биле егзекутирани најмалку 82 луѓе, а во Ирак најмалку 68.

Вкупниот број на егзекуции во светот не ги вклучува податоците од Кина, каде што бројката е државна тајна. Амнести интернејшнал проценува дека во Кина има се извршуваат илјадници смртни казни годишно.
XS
SM
MD
LG