Достапни линкови

Русија- книгите за саентологија се екстремистичка литература


Скиентолошка црква во Брисел.

Скиентолошка црква во Брисел.

Регионалниот суд во Москва ја потврди одлуката на понискиот суд, кој ги прогласи книгите за саенттологија за екстремистичка литература и забрани објавување или дистрибуција на книгите од основачот на скиентологијата Л. Рон Хабард. Портпаролката на судот Ана Тјурина изјави дека во текот на расправата се докажало дека скиентологијата има цел да формира изолирани групи спремни да се вклучат во екстремистички активности во битка со остатокот од светот.
Минатиот јуни, судот во Москва оцени неколку од книгите на Хабард како екстремистички, по што саентолозите ја обжалија одлуката. Со пресудата на регионалниот суд, литературата на Хабард и материјалите за скиентологијата и официјално се на листата на екстремистичка литература и се забранети на територијата на Русија.
XS
SM
MD
LG