Достапни линкови

logo-print

Хеликоптерска несреќа во Авганистан, 10 загинати


Најмалку десет луѓе загинале денеска во предградието Баграми во главниот град на Авганистан Кабул откако хеликоптер се урнал врз една куќа, соопшти полицијата. Агенцијата Ројтерс, јавува дека станува збор за осум турски војници кои биле во леталото, како и за две лица во куќата врз која паднало. Како можна причина за несреќата се наведува технички проблем на хеликоптерот.
XS
SM
MD
LG