Достапни линкови

Десетина уапсени на антивладините протести во Москва


Десетина демонстранти се уапсени на продемократските протести во Москва на кои присуствуваат неколку илјади луѓе кои бараат поништување на претседателските избори одржани на 4 март на кои победи актуелниот премиер Владимир Путин. Меѓу уапсените е и лидерот на движењето на левиот фронт Сергеј Удалцов.

Според полицијата, на протестот имало околу 10 илјади луѓе, додека опозицијата тврди дека дошле меѓу 25 и 30 илјади луѓе, што е сепак значително помалку од протестите во декември и во јануари на кои излегоа околу 100 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG