Достапни линкови

Надворешна политика за внатрешна употреба


Архивска фотографија: Министерот за надворешни работи Никола Попоски и известувачот за Македонија во ЕП, Ричард Ховит.

Архивска фотографија: Министерот за надворешни работи Никола Попоски и известувачот за Македонија во ЕП, Ричард Ховит.

Наместо за стратешки приоритети, власта мисли само како да го подобри сопствениот рејтинг и да троши пари, обвинува опозицијата. Од ДУИ признаваат дека засега нема видливи реултати од надворешната политика, но тоа според нив не значи дека таа не е добра.

Владата води надворешна политика за внатрешни потреби! Токму вака, опозицијата ги коментира актуелните политики на македонската дипломатија. Според Социјалдемократскиот сојуз, надлежните не размислуваат за стратешките приоритети на земјава, туку само за тоа како да го подобрат рејтингот на домашен терен.
И затоа Македонија е заробеник на една политика која не донесе прогрес во изминатите шест години. Се работи не за незнаење, се работи за свесно водење на надворешната политика која е адаптирана само на она што на нив на дневна основа би им донело плус или минус, заради тоа се случи да останеме последни, а бевме некогаш први во регионот.

„И затоа Македонија е заробеник на една политика која не донесе прогрес во изминатите шест години. Се работи не за незнаење, се работи за свесно водење на надворешната политика која е адаптирана само на она што на нив на дневна основа би им донело плус или минус, заради тоа се случи да останеме последни, а бевме некогаш први во регионот“, изјави генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров.

Од владејачката Демократска Унија за интеграции признаваат дека засега нема видливи резултати од надворешната политика, но тоа според нив не значи дека таа не е добра. Талат Џафери од оваа партија вели дека тешко е да се очекува успех од еден процес кој трае предолго и во кој ниту Министерот Никола Попоски и шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија Аиво Орав

Министерот Никола Попоски и шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија Аиво Орав

едната, ​ниту другата страна нема доволно храброст да стават крај на проблемот.

РСЕ: Дали Владата води политика која ги задоволува очекувањата на ДУИ?

„Задоволитено или незадоволитено, тоа е најмалку битно, оти очигледно е дека немаме резултати. Задоволитено би било да има резултати, меѓутоа тоа не зависи само од едната страна, значи за
Задоволитено или незадоволитено, тоа е најмалку битно, оти очигледно е дека немаме резултати. Задоволитено би било да има резултати, меѓутоа тоа не зависи само од едната страна, значи за решавање на еден проблем, не е
доволно само едната страна да се согласи на решение.

решавање на еден проблем, не е
доволно само едната страна да се согласи на решение“, вели Џафери.

Од Демократската партија на Албанците, пак, го повторуваат ставот дека евроинтеграциските процеси на земјава се закочени и дека земјата наместо да напредува, назадува. Лобирањата како дел од стратегијата на дипломатски ангажман на Владата се залудно потрошени пари. Во суштина не постои политичка волја за решавање на спорот со името и зачленување на земјава во ЕУ и НАТО, вели Зијадин Села од ДПА.

„Јас не мислам дека Македонија има некоја надворешна политика. Има надворешна политика и Министерство за надворешни работи кое само троши пари, ништо друго.“

Откако министерот за надворешни работи Никола Попоски го прими новиот евроамбасадор Аиво Орав, уште еднаш потврди дека Македонија останува конструктивно ангажирана во разговорите што се водат под покровителство на Обединетите нации и оти е искрено заинтересирана што поскоро да се дојде до заемно прифатливо решение на спорот.

Попоски побарал и одредување датум за старт на пристапните преговори на Македонија со ЕУ уште за време на данското претседателство.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG