Достапни линкови

Офанзива само до НАТО, а ЕУ ќе почека


Архивска фотографија: Прес-конфернација на генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен и премиерот Никола Груевски во Скопје на 18 јуни 2010 година.

Архивска фотографија: Прес-конфернација на генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен и премиерот Никола Груевски во Скопје на 18 јуни 2010 година.

Владата ќе се обиде да ја искористи хашката пресуда на Самитот на НАТО во Чикаго. Дел од познавачите велат дека ЕУ не е на владината агенда.

Со најава на дипломатската офанзива и со сосема истите позиции во однос на спорот за името македонските власти го пречекорија прагот на 2012-тата во сферата на надворешната политика. За сите е очекувано дека примарната цел во првите месеци од годината ќе биде самитот на НАТО во Чикаго во чиј контекст главни адути би биле хашката пресуда и најавите дека Македонија би се обидела да го издејствува членството во Алијансата под референцата ФИРОМ.
Мислам дека стратегијата на Владата е да се влезе во НАТО со таа хашка пресуда и толку од тоа што можеме да очекуваме од Владата, значи ако тоа се случи европската агенда ни е ставена во длабок мраз, затоа што ти си влезен во членство во НАТО со БЈРМ, името го решаваш, а не ти е решено името фактички, а не мора ниту да го решаваш затоа што ЕУ не ти е ни битна.

Доколку работите се водат кон ваков расплет, за Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование е јасно дека целта на владината надворешна политика би водела кон раздвојување на двете агенди НАТО и ЕУ интеграцијата при што евроагендата се оддалечува од успешен расплет на сегашната состојба поради спорот за името.

„Мислам дека стратегијата на Владата е да се влезе во НАТО со таа хашка пресуда и толку од тоа што можеме да очекуваме од Владата, значи ако тоа се случи европската агенда ни е ставена во длабок мраз, затоа што ти си влезен во членство во НАТО со БЈРМ, името го решаваш, а не ти е решено името фактички, а не мора ниту да го решаваш затоа што ЕУ не ти е ни битна.“
Македонската делегација на Самитот на НАТО во Букурешт 2008 година. Грција спречи зачленување на Македонија во Алијансата.

Македонската делегација на Самитот на НАТО во Букурешт 2008 година. Грција спречи зачленување на Македонија во Алијансата.


Играњето исклучиво на хашката пресуда, според политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, е типичен знак за измешаноста на македонското водење на внатрешната и надворешната политика, па според него, резултати најпрвин на самитот на НАТО, а потоа и во ЕУ можат да се постигнат исклучиво преку омекнување на комуникацијата со соседна Грција и правењето напори да се подобри климата во добрососедските односи меѓу двете земји.
Процесот од нивна страна може да се успори дури имавме најави од некои виши политичари грчки кои се влијателни во грчкото општество дека тие можат да се откажат од привремената спогодба, јас мислам дека тоа беа пораки до нас и до нашата дипломатија.

„Процесот од нивна страна може да се успори дури имавме најави од некои виши политичари грчки кои се влијателни во грчкото општество дека тие можат да се откажат од привремената спогодба, јас мислам дека тоа беа пораки до нас и до нашата дипломатија дека топката треба да се спушти и дека со триумфализам и со ароганција целиот тој процес нема да се реши“, изјави Муслиу.

Меѓународната заедница ќе остане заинтересирана за премостување на пречките во македонските евроинтеграции што води преку барање решение во спорот за името, велат експертите, но не треба да се има илузии дека најавената дипломатска офанзива би довела до јасен притисок врз грчката страна која би довел и до резултати.

„Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер, но се членка на НАТО, се партнер на Грција, на Турција, на Полска, на многу држави, така да ние не можеме да очекуваме некое исклучиво однесување само кон Македонија, тие сигурно ќе вршат притисок, но не притисок кој ќе ја принуди Грција затоа што просто немаат механизми“, изјави Муслиу.

Експертите потсетуваат и дека Македонија подзаборава на реформите, што е видливо и преку влошувањето на демократскиот и политички амбиент во земјата што се повеќе го прави неодржливо убедувањето дека спорот за името е единствена пречка за продолжување на евроинтегрирањето.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG