Достапни линкови

Обама: извинувањето за палењето на Куранот ја смири ситуацијата


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека неговото извинување до авганистанскиот претседател Хамид Карзаи поради тоа што по грешка американски војници запалиле примероци на Куранот ја смириле ситуацијата. Тој во интервју за телевизијата Еј Би Си додаде дека се извинил за да го ублажи бесот на авганистанците и за да ги заштити американските војници. Триесет луѓе, вклучувајќи и двајца војници на НАТО беа убиени, а над 200 други повредени во протестите и нападите, откако американски војници запалиле примероци на Куранот во воената база во Баграм.
XS
SM
MD
LG