Достапни линкови

Средби на Попоски на маргините на сесијата на Советот за човекови права на ОН


Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски денеска на маргините на сесијата на Советот за човекови права на ОН во Женева, имаше средби со неговите колеги од Катар, Халид бин Мухамед Ал-Атија, и од Португалија, Пауло Портас, како и со државниот секретар во шпанското Министерство за надворешни работи, Гонзало Секадес.
Попоски ги презентирал интересите и аргументите на Македонија за евроатланската интеграција и побарал поддршка за процесот на проширување. Според Попоски, Македонија ги исполнила условите за влез во НАТО и за почнување преговори за членство во ЕУ и ги образложил и правните аргументи во пресудата од Меѓународниот суд во Хаг, со очекување да бидат целосно почитувани и во меѓународни рамки.
XS
SM
MD
LG