Достапни линкови

logo-print

Доделени Оскарите


Ашгар Ферхади, режисер на најдобриот странски филм „A Separation"

Ашгар Ферхади, режисер на најдобриот странски филм „A Separation"

На овогодинешното доделување на наградите Оскар за најдобри филмски остварувања, Оскарот за најдобар режисер отиде во рацете на Мишел Азанависијус, за филмот „The Artist", а за истиот филм Жан Дижарден освои оскар за најдобра главна машка улога. Мерил Стрип ја освои наградата за најдобра актерка за улогата на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер во „Iron Lady“. Наградата за најдобра споредна машка улога отиде во рацета на Кристофер Пламер за неговата улога во „Beginners“, а Октавиа Спенсер ја доби наградата за најдобра споредна женска улога за нејзината улога во „The Help“.
Иранскиот филм „A Separation“ освои Оскар за најдобар странски филм. Ова е втор ирански филм кој бил номиниран за Оскар, а првиот кој победува. Филмот во режија на Ашгар Ферхади ги опишува традициите, правдата и машко-женски односи во современ Иран.
XS
SM
MD
LG