Достапни линкови

Стопанските комори на Македонија и Косово со заеднички проекти


Бранко Азески

Бранко Азески

Стопанските комори на Македонија и на Косово во иднина ќе работат на заеднички проекти финансирани од фондовите на Европската унија. За таа цел предлагаат формирање посебно тело во рамки на двете влади кое ќе ги координира активностите. Двете комори најавија и изработка на стратешки планови за трговијата и инвестициите, а на денешната средба во Скопје се договорија да ги свикаат и прокомитетите за подобрување на транспортот и проодноста на границите со цел да се утврди дали постои некоја пречка што треба да се отстрани. Претседателите на двете комори, Бранко Азески и Сафет Ѓерѓалиу по средбата оценија дека потпишувањето на договорите за одбегнување на двојното одданочување и за заштита од фискална евазија ќе придонесат за зголемување на инвестициите, а како позитивно го оценија и вложувањето во инфраструктурата.
XS
SM
MD
LG