Достапни линкови

logo-print

Путин најави 770 милијарди долари за Војската


Рускиот весник „Рускаја Газета“ објави текст на премиерот Владимир Путин кој се кандидираше за претседател на изборите на 4 март. Во текстот со наслов "Да се биде силен е гаранција за национална безбедност за Русија", Путин најавува планови за воената реформа и вооружување кое ќе ја чини руската влада 770 милијарди долари за наредните десет години. Путин пишува дека е очигледно дека не може да се зајакне руската меѓународна позиција, развивање на економијата и демократските институции, ако властите не се во можност да ја бранат Русија. Тој меѓу другото пишува и дека потенцијалите за развој на воената структура од советската ера се целосно исцрпени, а армиите на минатиот век се застарени. Според Путин "новата армија" треба да се соочи со современите закани.
XS
SM
MD
LG