Достапни линкови

Траги од кокаин во косата на капетанот на Конкордија


Адвокатите на семејствата на починатите патници од бродот "Коста Конкордија", кој потона на 13 јануари во близина на Тоскана соопштија дека на косата на капетанот Франческо Скетино биле пронајдени траги од кокаин.
Кокаин сепак не е пронајден во урината на капетанот и во самите влакна од косата, што би бил цврст доказ дека тој користел дрога. Портпаролот на групата која застапува некои од преживеаните патници изјави дека резултатите од наодите се "многу чудни "и изрази сомневање дека постои можност дека примероците не биле добро испитани.
На Скетини му се суди за убиство, бидејќи бродот со кој тој управуваше удри во карпа и предизвика несреќа во загинаа 32 лица, вклучувајќи и 15 чии тела се уште не се пронајдени.
XS
SM
MD
LG