Достапни линкови

logo-print

Турција - Без Премиерот нема сослушување на разузнавачите


Премиерот Реџеп Таип Ердоган

Премиерот Реџеп Таип Ердоган

Турскиот Парламент ги усвои измените на законот за Службата за национално разузнавање МИТ, со кои на обвинителите им се оневозможува да ги подложат на истрага или да ги сослушуваат вработените во разузнавањето без одобрение на премиерот.
Измените беа усвоени на иницијатива на владејачката Партија на правдата и развојот, откако на сослушување беа повикани шефот на МИТ Хакан Фидан и други раководители на разузнавачката служба, како осомничени во врска со случај против курдските бунтовници.
Опозицискиот лидер Кемал Калачдароглу изјави дека неговата партија ќе побара законот да биде поништен од Уставниот суд. Според него тој е во спротивност со принципот на владеењето на правото и не е во ред „целата власт да се стави во рацете на еден човек“.
XS
SM
MD
LG