Достапни линкови

Истрага за инцидентите на протестите во Грција


Протестите против мерките за штедење во Грција

Протестите против мерките за штедење во Грција

Почна истрагата за инцидентите за време на протестите во Атина против новите мерки за штедење, јавија грчките медиуми.
Обвинителството ќе истражува дали полицајците употребиле прекумерно солзавец за да ги растераат демонстрантите, како и околностите под кои биле ранети познатиот грчки композитор Микис Теодоракис и новинарот и познат учесник во грчкото антифашистичко движење Манолис Глезос, при нивниот обид да влезат во зградата на Парламентот.
Ќе се истражат и тврдењата на сопственици на продавници во Атина кои соопштија дека им биле барани пари, за да не им ги запалат објектите.
XS
SM
MD
LG