Достапни линкови

logo-print

Азербејџан - Евросонг и политика


Архивска фотографија: Изборот за Песна на Евровизија во Босна и Херцеговина.

Архивска фотографија: Изборот за Песна на Евровизија во Босна и Херцеговина.

Се говори дека оваа богата со нафта земја ќе потроши над една милијарда долари за се она што е потребно за Евросонгот, бидејќи цени дека станува збор за можност земјата добро да му се претстави на светот.

Во Азербејџан деновиве беше одржана првата официјална церемонија на која беа промовирани логото и слоганот на годинашниот Евросонг што ќе се одржи во Баку, откако азербејџанските претставници победија лани во Дизелдорф. РСЕ разговараше со супервизорот на овој музички настан Сиетсе Бакер за подготовките на натпреварот кој ќе се одржи во мај.
Мислам дека ова е многу модерно претставување на Евровизискиот натпревар.

Подготовките за 57-от Евросонг добија размери на треска во Баку, главниот град на Азербејџан. Уште од сега се реновираат улиците, а градот стана инспирација за многу композитори и поп пејачи.

Во високоволтажна и како што велат некои, прескапа церемонија деновиве градоначалникот на Баку Хаџибала Абуталибов симболично го прими клучот на натпреварот од минатогодишниот домаќин градоначалникот на Дизелдорф, Дирк Елсберс. На церемонијата беше обелоденото и логото, огнен црвен цвет, проследено со слоганот „Запали го твојот оган“. Логото е апсолутно убаво, вели супервизорот на Евросонг, Сиетсе Бакер.
Ова е можност за луѓето во Азербејџан да и ја покажат нивната земја на Европа. И ако некое внимание фокусирано врз Азербејџан ќе придонесе за подобрување во земјата тоа е за поздравување.

„Мислам дека ова е многу модерно претставување на Евровизискиот натпревар. Всушност мислам дека ова може да биде најдобрата тема и најдобриот слоган што сме го имале за Евросонг.“

Тој и другите претставници на Евровизија беа воодушевени од тоа како Германците ја градат Кристалната сала, огромна арена со 23 илјади места за седење која ќе биде централното место каде што ќе се дружат претставници од 43 земји. И азербејџанската влада презеде чекори за олабавување на визниот режим со цел да привлече што е можно поголем број фанови. Цената на билетите се ште не е одредена. Се говори дека оваа богата со нафта земја ќе потроши над една милијарда долари за се она што е потребно за Евросонгот, бидејќи цени дека станува збор за можност земјата добро да му се претстави на светот. Бакер додава дека се во тек разговори за буџетот на натпреварот кој мора да биде одобрен од раководството на Евровизија.

„Градежните работи во Баку, вклучувајќи ја и Кристалната сала се дел од поголем Кристалната сала во Баку

Кристалната сала во Баку

план за развој на градот и не се поврзани само со Евросонгот.“

Тој исто така додава дека организаторите, односно Евровизија, не го поврзуваат Евросонгот со некаква политичка цел. Сепак, тој се надева дека меѓународното внимание фокусирано врз Азербејџан во наредните неколку месеци ќе им помогне на локалните невладини организации и новинари да добијат поцврста основа во земјата. Режимот на претседателот Илхам Алиев е критикуван за постојано задушување на човековите права.

„Ова е можност за луѓето во Азербејџан да и ја покажат нивната земја на Европа. И ако некое внимание фокусирано врз Азербејџан ќе придонесе за подобрување во земјата тоа е за поздравување. Но иницијативата е поврзана со медиумите, не со нас.“
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG