Достапни линкови

Глобален корупциски барометар


Глобалниот корупциски барометар покажува дека приватниот сектор го користат поткупот за да влијаат врз јавната политика. Од друга страна, како што се наведува, највеќе мито се бара од најсиромашните семејства. Барометарот се базира врз одговори од над седумдесет и три илјади луѓе во шеесет и девет земји, ниво кое, според Транспаренси Интернешнал дава добри податоци за корупцијата во светот. Сепак, во извештајот нема информации за Авганистан, Иран, Ирак или земјите од Централна Азија. Регионалниот директор на оваа организација за Европа и Централна Азија Миклош Маршал наведува дека луѓето во многу земји вообичаено сметаат дека корупцијата е карактеристика на слабите влади. Сега, кај нив, како што вели, се менува мислењето за приватниот бизнис:

Од повеќе причини јавното мислење има помалку доверба во приватниот сектор од пред неколку години. Тоа е важна порака за приватниците.

Половината од испитаниците рекле дека приватниот бизнис е коруптиран и оти даваат поткуп за да манипулира со државните одлуки. Од друга страна како најкорумпирани домашни институции тие ги наведуваат политичките партии. Ова е посебно нагласено во земјите од поранешниот Советски сојуз. Во некои од нив испитаниците велат дека митото е најголемиот проблем со кои тие се соочуваат во нивните земји.
За половина од испитаниците приватниот бизнис е корумпиран, а пари се даваат за манипулација со државни одлуки

Ако им го поставуваме ова многу искрено прашање: Дали вие како граѓанин или вашите роднини сте дале мито во минатата година во Азербејџан четириесет и шест проценти одговорија потврдно, а во Ерменија четириесет и три. Инаку, светскиот просек е тринаесет проценти. Тоа покажува дека во двете земји корупцијата е секојдневна работа.

Вели Миклош Маршал. Повеќето од испитаниците не им веруваат на законските мерки во борбата против корупцијата. Впрочем Глобалниот корупциски барометар покажува дека најподложен на корупција, веднаш по приватниот, е судскиот сектор.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG