Достапни линкови

Поранешен романски премиер осуден за корупција


Поранешниот романски премиер Адријан Настасе

Поранешниот романски премиер Адријан Настасе

Романскиот суд го осуди поранешниот романски премиер Адријан Настасе на две години затвор за корупција. Настасе беше обвинет дека ја финансирал својата предизборна кампања на претседателските избори во 2004 година со пари собрани во рамките на симпозиумот „Трофеј на квалитетот“, организиран од Државниот градежен инспекторат.
Настасе може да поднесе жалба, бидејќи oдлуката на судот не е конечна.
XS
SM
MD
LG