Достапни линкови

logo-print

Сите патишта водат кон Попова Шапка


Скијање на Попова Шапка.

Скијање на Попова Шапка.

Прекрасните скијачките патеки, чистиот воздух и убавината на планината се причините зошто овие зимски месеци сите патишта, за љубителите на снегот и ски-спортовите водат кон Попова Шапка.

Попова Шапка на туристите и излетниците им ги нуди сите услови за неповторлив престој во природа. Ски- лифтовите и двоседите им стојат на располагање на туристите и излетниците уште од раните утрински часови. Попова Шапка по многу нешта останува единствена. Стрмните патеки и задржувањето на снегот во текот на поголем дел од годината, го прават овој ски- центар посебен, велат туристите.
Очекувавме,но ова е повеќе од очекуваното, значи стварно е преубаво, има сонце, температурата е одлична, предобри услови за скијање.

„Прекрасно е, времето се погоди, снегот е преубав, работат ски-лифтовите.“

„Овие убавини,овие падини на Шара треба да ги искористат сите, да излезат да ги видат.“

„Очекувавме,но ова е повеќе од очекуваното, значи стварно е преубаво, има сонце, температурата е одлична, Попова Шапка

Попова Шапка

предобри услови за скијање.“

Петре Димитриески, директорот на Друштвото за угостителство и туризам Попова Шапка ЕЛЕМ. верува дека планираните новитети за годинешната зимска сезона ќе го зголемат бројот на туристи.

„Ние преку цело лето ги правевме стазите, посебно стазата каде што ќе се
Ние преку цело лето ги правевме стазите, посебно стазата кај ќе се вози Шарпланинсиот куп, имаме и новитети, со новиот ратрак, ќе има екстремно скијање.
вози Шарпланинсиот куп, имаме и новитети, со новиот ратрак, ќе има екстремно скијање,а гостите претежно ни се групи од северна и централна Европа“, изјави Петре Димитриевски директор на ДУТ Попова Шапка

И безбедноста за туристите годинива е подигната на повисоко ниво. За нив се грижи спасителна служба која патролира 24 часа.

Инаку на прекрасните ски- терени на на Попова Шапка со децении се одржуваат скијачки натревари во слалом и велеслалом за кои алпски дисциплини постојат хомологизираните патеки Орлова и Езерино и на кои долги години се одржува Шарпланинскиот куп од меѓународни размери. Туристичките работници се надеваат дека оваа спортска манифестација и овој пат ќе привлече голем број на посетители, скијачи и љубители на планината.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG