Достапни линкови

Заштита на богатствата на Шар Планина


Шар Планина

Шар Планина

Преку едукација на населението и инволвирање на засегнатите страни ќе се заштитуваат природните богатства на Шар Планина.

Карактеристична флора и фауна, планиски врвови и атракативни локалитети кои пленат, избилие на вода, шуми и пасишта ова се само дел од природните богатства на Шар Планина.

Со цел запознавање на јавноста со тоа што претставува Шара кои се нејзините природни вредности и како се заштитат од загадување и
Проектот започна во јуни оваа година, ќе трае две години главната цел е да се едуцира локалното население околу природните вредности на Шар Планина и да придонесе за подоброто на животната средина

уништување, Македонското еколошко друштво започна со реализација на проект. Проекот е насловен како „Промоција на природните ресурси на Шар Планина преку едукација за животна средина и инволвирање на засегнатите страни“, а македонското еко друштво го реализира во соработка со невладината организација ЕУРОНАТУР од Германија, појаснува, координаторот на проектот, Диме Меловски.

„Проектот започна во јуни оваа година, ќе трае две години главната цел е да се едуцира локалното население околу природните вредности на Шар Планина и да придонесе за подоброто на животната средина. Ова го правиме преку една активност на доделување на мали грантови за проекти во траење од една година каде што локалното население, месните заедници и другите невладини организации би придонеле за доброто на природата на Шар Планина.“

Главната цел на проектот е зачувување на природните вредности на Шара преку едукација на населението од општините кои гравитираат во овој реон. На организираните јавни форуми претставниците од општините,
Ги опфаќаме сите шест општини што гравитираат околу Шар Планина и се надеваме на голема излезност од страна на локалното население бидејќи ова сепак е за нивно добро
здруженијата, ловечките друштва, даваат идеи кои можат да придонесат за заштита на природните убавини на Шар Планина.

„Ги опфаќаме сите шест општини што гравитираат околу Шар Планина и се надеваме на голема излезност од страна на локалното население бидејќи ова сепак е за нивно добро, ќе биде презентиран проектот и можност за аплицирање за мали грантови кои ќе започнат некаде на пролет наредната година.“

Наредниот период во рамки на проектот ќе бидат реализирани и работилници, трибини, ликовни натпревари во училиштата. Вклучените во проектот се надеваат дека сите овие заложби ќе овозможат промовирање на идејата за трансгранична соработка во делот за заштита на природата и поддршка за прогласување на македонскиот дел на Шар Планина за национален парк во иднина.

Ендемични растенија, автохтони инсекти, разни видови на птици, меѓу кои и безгнездечкиот орел, потоа мечката и рисот кои пополека се истребуваат, се причина повеќе зошто еко зруженијата, но и билогичарите од подамна навиваат Шар Планина да се прогласи за национален парк. Но, и покрај иницијативите на повеќе институции, невладини орагнизации и здруженија, Шара сеуште не го доби епитетот на национален парк кој многумина сметаат дека го заслужува.
XS
SM
MD
LG