Достапни линкови

Помогнете и на Европа!


Кристин Лагард

Кристин Лагард

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард побара од Кина и од другите земји во развој да помогнат во справувањето со европската должничка криза. Според Лагард, кризата ќе доведе до загубена деценија на глобална несигурност и финансиска нестабилност.

Земјите во развој треба да го понесат товарот на обнова на економскиот пораст и доверба, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард на Финасискиот форум во Пекинг.

„Доколку не дејствуваме храбро и заеднички, светската економија е во опасност да влезе во спирала на несигурност, финансиска нестабилност и политички колапс. Конечно, може да се најдеме во опасност од, како што некои веќе ја нарекуваат, загубена деценија.“
Кристин Лагард и Дмитри Медведев

Кристин Лагард и Дмитри Медведев


Според Лагард, глобалната економија страда од постојани падови предизвикани поради тоа што слабите финансиски системи и економската рецесија се хранат меѓусебно.

„Веруваме дека светската економија влезе во опасна и несигурна фаза. Негативните повратни спреги, меѓу реалната економија и финансискиот сектор стануваат постојани, а невработеноста расте.“
Веруваме дека светската економија влезе во опасна и несигурна фаза. Негативните повратни спреги, меѓу реалната економија и финансискиот сектор стануваат постојани, а невработеноста расте.

Економистите објаснуваат дека негативна повратна спрега се појавува кога производството на реални добра се намалува во екот на финансиска криза.

Тоа беше случај за време на глобалната економска криза во 2008 година, но и сега за време на европската должничка криза. Во такви ситуации, според економистите, рецесијата е пожестока со помали шанси за заздравување.
Папандреу и Берлускони - први жртви на европската должничка криза.

Папандреу и Берлускони - први жртви на европската должничка криза.


Посетатата на директорката на ММФ Кристин Лагард на Пекинг беше фокусирана врз начините како Кина може да помогне за намалување на последиците од европската криза.

Таа побара од Пекинг да преземе чекори да ја зајакне вредноста на кинеската валута спрема доларот и еврото.
Со формирањето нова влада, испраќаме силна порака до меѓународната заедница дека ние Грците знаеме да бидеме одговорни, знаеме да соработуваме и да ги засукаме ракавите во овие тешки времиња.

„Реформата на финансискиот систем останува да биде од голема важност и како што рековме и порано, Кина треба да ја зајакне валутата во реални ефективни услови.“

Лагард изрази очекување Кина, како и другите земји чии економии брзо се развиваат, да се вклучат со конкретни финансиски средства во Европскиот фонд за финсиска стабилност со цел да им се помогне на презадолжените земји во еврозоната, како Грција и Италија, каде што економската криза доведе до политичка нестабилност.​

Вчера, по предавањето на својата оставка, грчкиот премиер Јоргос Папандреу изјави:

„Со формирањето нова влада, испраќаме силна порака до меѓународната заедница дека ние Грците знаеме да бидеме одговорни, знаеме да соработуваме и да ги засукаме ракавите во овие тешки времиња.“

Слична судбина како него го очекува и италијанскиот премиер Силвио Берускони чија земја веќе е под мониторинг на европски финансиски испектори.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG