Достапни линкови

Европските лидери ќе разговараат за финансиските проблеми


Европските лидери ќе се сретнат во Брисел денеска на разговори за финасиските проблеми во Европската унија. Пред самитот три белгиски синдикални организации најавија штрајк во знак на незадоволство од мерките за штедење. Аналитичарите посочуваат дека расте незадоволството на жителите на земјите членки на Унијата од буџетски кратења и мерки за штедење. Се на се, 23 милиони луѓе во Унијата се невработени, што претставува 10 проценти од работоспособната популација.
XS
SM
MD
LG