Достапни линкови

Македонија и Албанија имаат добра соработка во одбраната


Aлбанскиот министер за одбрана Арбен Имами

Aлбанскиот министер за одбрана Арбен Имами

Македонија и Албанија имаат високо ниво на соработка во областа на одбраната и процесите за евроатлантските интеграции на двете држави, констатирале на денешната средба министерот за надворешни работи Никола Попоски и албанскиот министер за одбрана Арбен Имами, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.
Како што соопшти МНР, за време на средбата, станало збор и за интензивирање на соработката во инфраструктурните проекти кои се од посебно значење за двете држави.
Министерот Имами ја потврдил поддршката од Република Албанија за полноправно членство на Република Македонија во НАТО алијансата и нагласил дека тоа е во интерес не само за Македонија, туку и за стабилноста на регионот. Попоски, пак, изразил очекување дека поддршката што Албанија и ја дава на Македонија во процесот на евроатлантските интеграции ќе продолжи и натаму.
XS
SM
MD
LG