Достапни линкови

Истман Кодак под стечај


Истман Кодак, познатата американска фотографска компанија е ставена под стечај. Оваа компанија која е формирана пред 131 година беше пионер во пропагирањето на фотографијата, но во денешно време не успеа да одговори на конкуренцијата на дигаталната технологија и странските фирми. Поради слабите резултати Кодак од 2003 година досега затвори 13 фабрики и отпушти од работа 47 илјади луѓе. Во денешната изјава, компанијата наведува дека добила кредит од Ситигруп во вредност од 980 милиони долари со цел да се реорганизира во наредните 18 месеци.
XS
SM
MD
LG