Достапни линкови

Казахстан- Назарбаев добива друштво во Парламентот


Гласање во Казахстан, 15 јануари 2012.

Гласање во Казахстан, 15 јануари 2012.

Првичните резултати од изборите во Казахстан покажуваат дека во Парламентот освен владеачката партија Нур Отан на долгогодишниот владетел Нустултан Назарбаев, може да влезат и две опозициски партии.
Опозицијата пак тврди дека изборите се нарушени со флагрантно кршење на правата.
Ова беа први избори, по носењето на законот со кој се стави крај на еднопартискиот систем во државата. Според законот барем една од шесте партии кои ја предизвикаа владејачката има загарантирано место во новиот парламент. Првичните резултати покажуваат дека над 80 проценти од гласовите се за партијата Нур Отан, одреден број гласови добиле партијата Ак Зол и Комунистичката партија.
XS
SM
MD
LG