Достапни линкови

Тадиќ од Дечани со порака за мир


Српскиот претседател Борис Тадиќ упати синоќа во Косово „порака за мир“ по повод одбележувањето на божиќните празници на православните христијани.
- Упатуваме порака за мир кон сите, не само кон Србите, туку и кон Албанците и сите оние од разни вери кои живеат на Косово, изјави Тадиќ кој синоќа пристигна во манастирот Високи Дечани во Косово, каде ги прослави Бадник и Божик.

Во Дечани денес живеат претежно Албанци, а манастирот е обезбедуван од припадници на италијанскиот контингент на КФОР.
Тадиќ последен пат беше во манастирот Високи Дечани на Божик во 2009 година.
Активисти на движењето „Самоопределување“ синоќа во центарот на Дечани со камења го гаѓаа конвојот возила во кој се наоѓаше Тадиќ, на пат кон манастирот Високи Дечани.
По повод посетата на Тадиќ на манастирот, приврзаниците на „Самоопределување“ протестираа во центарот на Дечани, а потоа и во Пеќ, но ЕУЛЕКС, КФОР и косовската полиција не дозволија поголеми инциденти.

Во Дечани и околу манастирот се разместени силни единици ја специјалците на косовската полиција.
XS
SM
MD
LG