Достапни линкови

Западните сили ги осудија нападите во Нигерија


Архива, бомбашки напад на седиштето на ОН во Нигерија, август 2011

Архива, бомбашки напад на седиштето на ОН во Нигерија, август 2011

Западните сили ги осудија нападите во Нигерија во кои загинаа најмалку 35 луѓе. Белата куќа рече дека станува збор за бесмиселни напади и вети дека ќе им помогне на властите во Нигерија одговорниот за нападите да се соочи со правдата. Велика Британија оценува дека станува збор за кукавички напади во време кога семејствата се собираат на молитва да го прослават денот кој симболизира хармонија и добра волја кон другите. И Франција, Италија и католичката црква ги осудија нападите во Нигерија.
Нигериската радикална муслиманска секта Боко Харам ја презеде одговорноста за нападите насочени кон католички цркви во кои верниците биле на миса. Се верува дека групата стои и зад минатогодишните напади за време на Божиќ.
XS
SM
MD
LG